Охридски пливачки маратон

Охридски пливачки маратон е меѓународно натпреварување во пливање на отворени води.

Години традиција
0
Соработници
0 +
по ред
0 ми

Охридскиот Пливачки Маратон, основан во 1962 година, има богата историја која ја одразува страста и посветеноста кон овој спорт. Маратонот е дел од серијата на FINA маратони на 10, 15 и 25 километри и е познат по својата уникатна атмосфера, одлична организација и предизвик кој им го нуди на учесниците.

Охридски Маратон

01.

Зголемена физичка издржливост​

Пливањето на маратонски дистанци ја зајакнува целокупната физичка форма. Тоа е предизвик кој го подобрува кардиоваскуларниот капацитет, ги зајакнува мускулите и ја зголемува енергијата за справување со долгорочни физички напори.

02.

Уникатно чувство на постигнување

Учеството и завршувањето на пливачки маратон носат огромно чувство на гордост и самодоверба. Пливачите докажуваат дека можат да ги надминат своите физички и ментални граници.

ПРИДОБИВКИ ОД ПЛИВАЊЕТО

Подобрување на менталното здравје

03.

Долготрајното пливање ги намалува стресот и анксиозноста, додека ритмичните движења во водата создаваат медитативно искуство. Пливачките маратони помагаат во изградбата на дисциплина и ментална издржливост.

Заедница и инспирација

04.

Пливачките маратони создаваат чувство на заедништво. Запознавањето со други пливачи, делењето искуства и инспирирањето од нивните приказни го прават секој учесник дел од нешто поголемо.

Teхнички организатор
Maraton_logo-removebg-preview
Главен организатор
Kiril Pecakov

MAYOR OF THE MUNICIPALITY OF OHRID

Овој важен спортски настан е гордост за локалната заедница, бидејќи го презентира Охрид како одлична локација за спортски настани и привлекува пливачи од целиот свет. Маратонската трка во езерото од една страна го насочува вниманието кон спортот и физичката активност, а од друга страна го поддржува туризмот и сознанието за природното богатство и непроценливото културно наследство. Учесниците на маратонот се вистинска инспирација и симбол на дисциплина и одлучност. Пливањето во кристално чистите води на Охридското Езеро е неповторливо доживување, а секој испливан километар е можност да се почувствува богатството на нашата природа и древните корени. Овде пливањето не е само физичко задоволство, туку и духовно исполнување, кое ви ја доловува уникатноста на ова магично место. На наша голема радост, од минатата година, пливачкиот маратон е централен настан во рамки на новата спортско-забавна манифестација Ohrid Water Festival, која овозможува заедничка промоција на водените спортови на Охридското Езеро. Преку внимателна комбинација на спортски и социјални активности, со првото издание на манифестацијата покажавме дека Охрид е подготвен за големата сцена и дека има капацитет да организира големи и успешни случувања. Како добри и гостољубиви домаќини упатуваме покана до сите љубители спортот, природата и добрата забава и овој август да дојдат во Охрид, да го проследат Охрискиот пливачки маратон и да уживаат во новото издание и богатите содржини на Ohrid Water Festival.

Ве очекуваме!

Scroll to Top